СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ Граѓаните објавуваат фотографии од последиците

Силниот ветер и поројниот дожд предизвикаа паднати дрвја, оштетувања и проблеми со електричната енергија во повеќе населби.

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ Граѓаните објавуваат фотографии од последиците
Фото: Принтскрин

Краткотрајно, но силно невреме попладнево ја зафати општина Аеродром кое предизвика сериозни проблеми како и низ повеќе делови од градот Скопје.

Силниот ветер и поројниот дожд оставија зад себе паднати дрвја, оштетени објекти, прекини во снабдувањето со електрична енергија и блокирани улици во повеќе населби.

Последиците од невремето брзо се проширија на социјалните мрежи, каде граѓаните објавуваа фотографии и видеа од состојбата на терен.

Надлежните служби веднаш излегоа на терен, каде започнаа интервенции и расчистување на последиците од невремето.

CATEGORIES
Share This