ТРЕВОГА ВО МОСКВА Германија тргнува по нуклеарно оружје, Русија со остро предупредување

Москва предупредува дека германските нуклеарни амбиции мора да бидат земени предвид во руското воено планирање.

ТРЕВОГА ВО МОСКВА Германија тргнува по нуклеарно оружје, Русија со остро предупредување
Фото: Принтскрин

Истражувањето на Германија во областа на развојот на нуклеарно оружје не претставува изненадување за Русија, но Москва мора да го земе предвид овој развој при своето воено планирање, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, пренесува ТАСС.

Според него, ваквата политика е дел од поширокиот курс на западните земји, особено на членките на НАТО, кои, како што оцени, сè повеќе ја зајакнуваат улогата на нуклеарното оружје во своите воени стратегии и планови.

„Русија го следи овој процес и мора да го земе предвид во своето воено планирање“, посочи Грушко.

Тој истакна дека НАТО во своите стратешки концепти се определува како нуклеарна алијанса и дека во нив се наведува оти, сè додека постои нуклеарно оружје во светот, Алијансата ќе ја задржи и својата нуклеарна компонента.

Грушко оцени дека ваквата позиција, според руското гледиште, е во спротивност со Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Претходно, руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) предупреди дека евентуалната намера на германските власти да обезбедат директен пристап до нуклеарно оружје предизвикува загриженост во Европа. Од СВР притоа посочија и на, како што ги опишаа, реваншистичките расположенија во Берлин.

ГЕРМАНИЈА РЕАГИРА Бара американски ‘Томахавци’ да се произведуваат кај неа

CATEGORIES
Share This