ГЕРМАНИЈА РЕАГИРА Бара американски ‘Томахавци’ да се произведуваат кај неа

Берлин сака договор со Вашингтон за заедничко производство на ракетни системи и друга воена технологија, додека Европа се подготвува за нова безбедносна реалност.

ГЕРМАНИЈА РЕАГИРА Бара американски ‘Томахавци’ да се произведуваат кај неа
Фото: Принтскрин

Берлин врши притисок врз Вашингтон да дозволи производство на американски воени системи во Германија, со цел Европа побрзо да ги надополни своите одбранбени капацитети.

Според „Фајненшл тајмс“, германските власти сакаат договор за копродукција со САД, кој би овозможил производство на системи како ракетите „Томахавк“ и напредните ракети за „Патриот“ PAC-3.

Германија смета дека ваквата соработка ќе помогне да се намалат воените празнини во Европа и истовремено да се задржи американската посветеност кон НАТО.

Министерот за одбрана Борис Писториус порача дека Берлин е заинтересиран одредени американски системи или нивни компоненти да се произведуваат во Германија, бидејќи САД имаат ограничени производствени капацитети.

Сепак, дел од германските политичари се скептични дека Вашингтон ќе ја сподели најчувствителната воена технологија.

Канцеларот Фридрих Мерц вели дека Германија сака поголема одбранбена независност, но и понатаму ќе соработува со САД таму каде што има заеднички интереси.

Иницијативата доаѓа во период кога Европа се забрзано вооружува поради војната во Украина и неизвесноста околу идната улога на САД во европската безбедност.

CATEGORIES
Share This