НЕТАНЈАХУ ТРЕБАШЕ ДА ОДИ КАЈ ТРАМП Но во последен момент се случи пресврт

Израелскиот премиер требаше да отпатува во Вашингтон следната недела, но плановите се променети поради одложувањето на погребот на сенаторот Линдзи Греам.

НЕТАНЈАХУ ТРЕБАШЕ ДА ОДИ КАЈ ТРАМП Но во последен момент се случи пресврт
Фото: Принтскрин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да отпатува во Соединетите Американски Држави следната недела, откако беше одложен погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Претходно, „Ројтерс“ објави дека Нетанјаху требало да патува во САД во сабота, повикувајќи се на висок израелски функционер. Сепак, плановите се променети, а засега не е потврдено дали израелскиот лидер ќе оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Нетанјаху, според информациите, имал намера да разговара со Трамп, но останува неизвесно дали средбата ќе биде реализирана во друг термин.

Американскиот портал „Аксиос“ неодамна објави дека Трамп, во претходен телефонски разговор со Нетанјаху, побарал Израел да започне со повлекување на своите сили од Сирија и го повикал премиерот да преземе сличен чекор и во Либан.

CATEGORIES
Share This