СЕКОЈА МИНУТА НОВИ ПРИЈАВИ Повеќе од 26.000 имиња на списокот на исчезнати по катастрофата

По двата силни земјотреси од 7,2 и 7,5 степени, илјадници семејства очајно трагаат по своите најблиски, додека спасувачките екипи се борат со времето под урнатините.

СЕКОЈА МИНУТА НОВИ ПРИЈАВИ Повеќе од 26.000 имиња на списокот на исчезнати по катастрофата
Фото: Принтскрин

Повеќе од 25.000 луѓе се пријавени како исчезнати по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, покажуваат податоците од специјалната веб-страница отворена за пронаоѓање и евидентирање на исчезнати лица.

Според достапните информации, на платформата досега се регистрирани 26.086 исчезнати лица. Сепак, ова не претставува официјален број на исчезнати, туку ја отсликува драматичната состојба на теренот, каде илјадници семејства сè уште се обидуваат да воспостават контакт со своите најблиски.

На веб-страницата граѓаните објавуваат фотографии и податоци за членовите на семејствата со кои ја изгубиле комуникацијата по земјотресите. Во меѓувреме, повеќе од 1.200 лица кои претходно биле пријавени како исчезнати веќе се пронајдени.

Според досегашните извештаи, најмалку 164 лица загинале, но властите и спасувачките служби предупредуваат дека бројот на жртвите би можел значително да се зголеми.

Првиот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето кај Сан Фелипе во државата Харакуј. Само 39 секунди подоцна следеше уште посилен потрес со магнитуда од 7,5 степени.

Геолошкиот завод на САД издаде предупредување од највисок степен, наведувајќи дека се очекуваат голем број жртви и сериозна материјална штета. Во главниот град Каракас се урнаа повеќе објекти, додека спасувачките екипи, пожарникарите и припадниците на цивилната заштита продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.

ПЕКОЛНА НОЌ ВО ВЕНЕЦУЕЛА Два разорни земјотреси однесоа десетици животи, стотици повредени

CATEGORIES
Share This