ТАЈАНИ ЈА РАЗБИ ТИШИНАТА Италија откри дали од нејзина територија бил нападнат Иран
Во телефонски разговор со Абас Арагчи, шефот на италијанската дипломатија ги демантираше тврдењата за американски летови кон Иран од италијанска територија.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, во четвртокот телефонски разговараше со својот ирански колега Абас Арагчи, при што категорично ги отфрли тврдењата дека американски сили користеле воени бази во Италија за операции против Иран.
Според иранската новинска агенција „Мехр“, Тајани нагласил дека ниту една италијанска воена база не била искористена за напади врз Иран и дека италијанската влада нема да дозволи такво сценарио ниту во иднина.
Тој истакнал дека американските авиони кои учествувале во неодамнешните бомбардирања не полетале од италијанска територија, додавајќи дека Рим никогаш не дал одобрение за такви операции.
Арагчи го поздравил појаснувањето од италијанскиот министер и побарал италијанската влада официјално и јавно да ги демантира наводите поврзани со користењето на базите во Италија.
Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, реагираше на изјавите на генералниот секретар на НАТО, оценувајќи дека Алијансата треба да понесе одговорност за, како што наведе, своето соучество во американските и израелските акции насочени против Иран.


