ПЕКОЛНА НОЌ ВО ВЕНЕЦУЕЛА Два разорни земјотреси однесоа десетици животи, стотици повредени

Два моќни потреси со јачина над 7 степени ја потресоа земјата, а властите стравуваат дека бројот на жртви ќе расте.

ПЕКОЛНА НОЌ ВО ВЕНЕЦУЕЛА Два разорни земјотреси однесоа десетици животи, стотици повредени
Фото: Принтскрин

Најмалку 32 лица загинаа, а околу 700 се повредени по двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела, соопшти привремената претседателка на земјата, Делси Родригез.

Таа предупреди дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи продолжуваат со проценка на штетите и потрага по настрадани.

Земјата во текот на ноќта ја потресоа два разорни земјотреси со јачина од 7,1 и 7,5 степени според Рихтеровата скала. Поради сериозноста на ситуацијата, Родригез прогласи вонредна состојба на национално ниво.

По трагедијата реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој преку својата платформа Truth Social порача дека САД се подготвени веднаш да помогнат.

„Двата големи земјотреси што штотуку ги погодија големите луѓе на Венецуела се со огромни размери и оставија катастрофален број на жртви“, напиша Трамп.

Тој додава дека им наложил на американските институции да бидат подготвени за брза реакција.

„Соединетите Американски Држави се подготвени, желни и способни да помогнат. Ќе застанеме со нашите нови и одлични пријатели. Првичните извештаи воопшто не се добри“, порача американскиот претседател.

CATEGORIES
Share This