НЕВРЕМЕ НА ПОВИДОК Попладнево дожд, грмежи и можен град во Македонија

Во Скопје попладне се очекува нестабилно време во делови од котлината.

НЕВРЕМЕ НА ПОВИДОК Попладнево дожд, грмежи и можен град во Македонија
Фото: Принтскрин

Времето денеска (17 јуни) ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и дневни температури од 11 до 30 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија

Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места временските процеси може да бидат поинтензивни, со пообилни врнежи и услови за појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло, со подолги сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This