НЕМА ГУЖВИ НА ГРАНИЦИТЕ Но опасност демне на неколку делници низ Македонија
АМСМ информира дека сообраќајот се одвива непречено, но на повеќе делници има активни градежни работи и времен режим на сообраќај.

Денеска (17.06.) сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и зголемена внимателност, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури каде е можна појава на одрони. Како покритични се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за сите возила до 3,5 тони.
АКТУЕЛНИ РАБОТИ НА ПАТИШТАТА:
• На автопатот А2, делница Гостивар – Стража, во тек е санација на повеќе мостови, поради што е воведен времен режим на сообраќај кој ќе остане во сила до завршување на работите.
• Од крајот на март се реализира санација на мостовите на реката Вардар кај село Желино на автопатот А2 во двата правци, Скопје – Желино и Желино – Скопје.
• На автопатот А1 „Пријателство“, на делницата Смоквица – Гевгелија, се изведуваат работи за поставување интерконективен гасовод, а сообраќајот се одвива според времен режим.
• На скопската обиколница (А2) се врши рехабилитација на дел од коловозот меѓу клучките Волково и Кондово. Левата лента е затворена, а возилата се движат по средната и десната лента.
• На регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост продолжува санацијата на свлечиште, поради што е во сила времена измена на режимот на сообраќај.
• Поради изградба на Коридорот 10Д, на патниот правец Прилеп – Битола е воведен времен режим на сообраќај, при што возилата се пренасочуваат по регионалниот пат на потегот од клучка Лагово до Тополчани.


