САЛИ ВО ИСТАНБУЛ ОТКРИ Голем економски пресврт меѓу Македонија и Турција, што се подготвува

Турција останува еден од клучните економски партнери на Македонија.

САЛИ ВО ИСТАНБУЛ ОТКРИ Голем економски пресврт меѓу Македонија и Турција, што се подготвува
Фото: Принтскрин

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Бизнис форумот Македонија – Турција во Истанбул, каде што ја истакна важноста од продлабочување на економската соработка и отворање нови партнерства меѓу двете земји.

Во своето обраќање, тој нагласи дека Македонија и Турција имаат блиски и пријателски односи, изградени врз доверба, заемна почит и долгогодишна соработка. Сали посочи дека Турција е еден од најзначајните економски партнери на државата, со значајно присуство на турски компании во индустријата, инфраструктурата, банкарскиот сектор, образованието и туризмот, што придонесува за економски раст и отворање нови работни места.

Осврнувајќи се на владините приоритети, Сали ја нагласи важноста на Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, оценувајќи ги како клучна можност за забрзан економски развој и зголемување на конкурентноста.

Тој истакна дека за првпат европската интеграција е директно поврзана со конкретни инвестиции, економски раст и постепено приближување кон Единствениот европски пазар, што отвора нови можности за компаниите, инвеститорите и граѓаните.

Сали ги охрабри турските компании да ги искористат инструментите како ИПА фондовите, Планот за раст на ЕУ и Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), посочувајќи дека Коридорите 8 и 10 остануваат клучни стратешки инфраструктурни проекти во регионот.

Тој додаде дека постои голем потенцијал за соработка во обновливи извори на енергија, дигитална трансформација, иновации, современи технологии и производствен сектор, оценувајќи дека европската интеграција претставува процес на модернизација, конкурентност и долгорочен просперитет.

ТУРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА ПРЕД НОВ ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ Се најавуваат големи договори

CATEGORIES
Share This