ДОГОВОР НА ПОВИДОК Иран призна дека е блиску до САД, но…
Иран тврди дека поголемиот дел од нацртот е усогласен, но конечна одлука сè уште нема.

Иран соопшти дека се согласил со поголемиот дел од нацртот на потенцијален договор со Соединетите Американски Држави, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеи. Тој нагласи дека Техеран нема да прави компромис кога станува збор за неговите „црвени линии“.
Багеи посочи дека сè уште не е донесена конечна одлука за договорот, додавајќи дека поголемиот дел од текстот е веќе усогласен, иако, како што рече, САД „постојано ја менуваат својата позиција“, пренесува Ал Џезира.
Тој додаде дека Катар и Пакистан активно учествуваат во посредничките напори, но дека неодамнешните активности на САД, вклучително и нападите врз Иран, негативно влијаеле врз дипломатскиот процес.
СЕ ОТВОРА НОВ ФРОНТ Иран тврди дека погодил американска флота, Вашингтон возвраќа со бомбардирања


