ТРАМП: ЈА ДОБИВМЕ ВОЈНАТА ВО ИРАН Европа беше ирелевантна
Трамп ја минимизира улогата на Европа во кризата со Техеран.

Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „ја добиле војната во Иран“ и дека не им била потребна поддршка од Европа.
Тој ова го изјави во интервју за италијанската телевизија „La7 Omnibus“, кога беше прашан што би им порачал на лидерите на Г7, меѓу кои и Италија и Франција, во врска со наводниот недостаток на европска улога во справувањето со кризата со Техеран.
„Ја добивме војната во Иран, не ни беше потребна помошта од Европа. Нивната помош беше ирелевантна“, изјави Трамп.
CATEGORIES Свет


