МЕРЦ ПОД ПРИТИСОК, НО КОАЛИЦИЈАТА ОСТАНУВА – СПД не се повлекува од владата

Германскиот канцелар изрази благодарност што социјалдемократите сакаат да останат во коалицијата со ЦДУ и најави заеднички одговор на „историските предизвици“

МЕРЦ ПОД ПРИТИСОК, НО КОАЛИЦИЈАТА ОСТАНУВА – СПД не се повлекува од владата
Фото: Принтскрин

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изрази благодарност до Социјалдемократската партија (СПД) поради нејзината намера да остане во владината коалиција со неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ), и покрај слабите резултати на покраинските избори.

„Благодарен сум што утрово слушнавме од социјалдемократите дека имаат намера да останат дел од коалицијата во Берлин“, изјави Мерц на прес-конференција.

Како што пренесува „Ројтерс“, германскиот канцелар оцени дека двете партии се решени заеднички да одговорат на, како што ги нарече, „историските предизвици“ со кои Германија се соочува во овој период.

Мерц со ова ја потврди намерата на владејачката коалиција да продолжи со работата и покрај изборниот резултат, кој отвори нови политички прашања во Германија.

CATEGORIES
Share This