ДРАМАТИЧНО ВО ОН Советот за безбедност не може да се договори за наследникот на Гутереш
Седум кандидати се во трката за генерален секретар, но ниту еден досега не успеал да се наметне како фаворит.

Советот за безбедност на Обединетите нации сè уште нема постигнато консензус околу кандидатот кој би требало да го наследи Антонио Гутереш на функцијата генерален секретар на ОН, објавува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на дипломатски извори.
Според весникот, ниту еден од седумте кандидати досега не успеал да се наметне како јасен фаворит во трката за прв човек на светската организација.
„Советот за безбедност на ОН, телото одговорно за изборот на генерален секретар, не успеа да постигне консензус“, наведува „Њујорк тајмс“.
Меѓу кандидатите се Каролина Родригез-Биркет од Гвајана, Ребека Гринспен од Костарика, Рафаел Гроси од Аргентина, Марија Фернанда Еспиноза од Еквадор, Маки Сал од Сенегал, Олара Отуну од Уганда и Ивон Баки.
Мандатот на актуелниот генерален секретар Антонио Гутереш истекува на крајот од 2026 година, по што ОН треба да добијат нов шеф.

