СЕ ОТВОРА НОВ ФРОНТ Иран тврди дека погодил американска флота, Вашингтон возвраќа со бомбардирања

Ормутскиот теснец повторно во центарот на кризата, закани за глобалната трговија.

СЕ ОТВОРА НОВ ФРОНТ Иран тврди дека погодил американска флота, Вашингтон возвраќа со бомбардирања
Фото: Принтскрин

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека извршил напади врз 18 американски воени цели во Кувајт и Бахреин. Според нивното соопштение, иранската војска со беспилотни летала го погодила и седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин, како одговор на најновите американски напади врз југот на Иран, како и на, како што тврдат, затворањето на Ормутскиот теснец за поморскиот сообраќај.

Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека во два бранa напади биле погодени цели во воздухопловните бази „Али ал-Салем“ и „Ахмад ал-Џабер“ во Кувајт, како и базата „Шеик Иса“ во Бахреин. Информациите ги пренесе порталот „Прес ТВ“.

Одделно, иранската војска соопшти дека беспилотни летала погодиле комуникациски и радарски системи поврзани со воздушната одбрана на Петтата флота на САД во Бахреин.

Во Вашингтон, Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ) соопшти дека нејзините сили спровеле дополнителни „самоодбранбени“ напади врз повеќе цели во Иран, по наредба на Врховниот командант.

„Силите на ЦЕНТКОМ извршија напади врз ирански воени капацитети за надзор, комуникациски системи и позиции на воздушна одбрана низ Иран“, се наведува во објавата на командата на социјалната мрежа X.

Според нив, американските морнарички, воздухопловни и поморски сили користеле прецизна муниција против цели што, како што тврдат, претставувале закана за американските сили и за меѓународниот комерцијален бродски сообраќај во регионалните води.

ИРА И САД НА РАБ НА ВОЈНА Дрон собори „Апачи“, следува одмазда

CATEGORIES
Share This