ПОПЛАДЕН ПРЕСВРТ НА ВРЕМЕТО По жештините следуваат дожд, грмежи и можен град

Температурите ќе достигнат до 33 степени, а во делови од земјата се очекува локална нестабилност.

ПОПЛАДЕН ПРЕСВРТ НА ВРЕМЕТО По жештините следуваат дожд, грмежи и можен град
Фото: Национал

Времето денеска (10 јуни) ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност и дневни температури од 12 до 33 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на поединечни места можно е и краткотрајно невреме со појава на град.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината попладне се можни краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

CATEGORIES
Share This