ВНИМАНИЕ НА ПАТИШТАТА Активни градежни работи на А1 и А2

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини.

ВНИМАНИЕ НА ПАТИШТАТА Активни градежни работи на А1 и А2
Фото: Национал

Денеска (10 јуни) сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива непречено по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците каде е можна појава на одрони. Поголема претпазливост се препорачува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за возила до 3,5 тона.

Во тек се повеќе градежни активности на државните патишта. На делницата Гостивар – Стража се врши санација на неколку мостови, поради што е воведен времен режим на сообраќај. Работи се изведуваат и на мостовите на автопатот А2 кај село Желино, како и на скопската обиколница меѓу клучките Волково и Кондово, каде сообраќајот се одвива по две ленти поради затворање на левата лента за претекнување.

На автопатот А1, делница Смоквица – Гевгелија, се изведуваат работи за поставување интерконективен гасовод, додека на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост продолжува санацијата на свлечиште со времен режим на сообраќај.

Поради изградбата на Коридорот 10Д, на патниот правец Прилеп – Битола е во сила привремен режим на сообраќај, при што возилата се пренасочуваат по регионалниот пат од клучка Лагово до Тополчани.

CATEGORIES
Share This