Семоќниот Бранко Азески го постави професорот Марјан Ѓуроски за претседател на формираниот Совет за унапредување на високото образование

Марјан Ѓуровски секогаш напредува преку висока партиска поддршка, плива во сите политички бои и само го менува дресот

Семоќниот Бранко Азески го постави професорот Марјан Ѓуроски за претседател на формираниот Совет за унапредување на високото образование
Фото: Национал

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија
Понеделник, 8 јуни 2026 година

Првата активност на овој Совет започна во петокот, 5.06.2026 година, во просториите на Стопанската комора на Република Македонија, со одржаната конференција на тема: „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“. „…Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања има цел да воспостави системски пристап кон интеграција на академскиот и реалниот сектор преку креирање политики, иницијативи и активности кои ќе овозможат создавање на  конкурентен, стручен и применлив кадар, нагласува  професор Ѓуровски, претседател на Советот.

Кој е професорот Марјан Ѓуровски?

Марјан Ѓуровски како човек од доверба на Владата на Владо Бучковски успева да се профилира во јавноста и да држи прес конференции за тогашните политики на таа влада. Истовремено, ако извршите пребарување на Google ќе видите дека уште од тој период има одредени информации во јавноста со негативен предзнак кога ќе се напише името и презимето Марјан Ѓуровски.  Препишувал на испити: Ѓуровски препишувал на испит, Марјан Ѓуровски, советник за односи со јавноста на премиерот Владо Бучковски, го фатиле како препишува на испитот политички систем на Македонија со книгата под маса, раскажуваат студенти од Филозофскиот факултет.  (http://tirekovmirece.com/Novost 10 април2006/

После брзиот пад на тогашната влада, Марјан Ѓуровски, во времето на премиерување на Никола Груевски, успева преку блиски пријателски врски со тогашниот премиер (според јавното поговарање односно изразување на овие информации) ни малку ни повеќе да се вработи како асистент на Факултетот за безбедност во Скопје. И почнува да гради кариера и да се пробива, при што брзо станува и Проректор на Универзитетот во Битола. За овој период од неговото функционирање поопширно сум пишувал и очекувам овие наводи да бидат истражени од новата влада!

Со огромна разочараност можам да констатирам дека ниту на сон не можеше да сонувам дека после две години од промената на власта со Одборот за акредитација на високото образование претседателствуваше, а денес е член професор д-р Марјан Ѓуровски. Овој професор, кој кариерата ја започна како  (што наведов) асистент на Факултетот за безбедност и брзо почна да гради кариера затоа што секогаш беше во близина на министрите за внатрешни работи навистина си плива во образовниот океан како да има облека за пливање со боите на сите партии во нашата држава.

Чудна случајност, според определени свиркачи и проф.Марјан Ѓуровски и претседателот на Стопанската комора, својата кариера ја започнале токму на Факултетот за безбедност во Идризово и тоа на иста позиција како асистент??? Дали службата за безбедност ги влече сеуште конците во системот и управува со нашите умови??? Сега кога со новите системски закони ќе престане мандатот на актуелните членови на Одборот за акредитација на високото образование, Бранко Азески, веднаш основа тело и за прв човек кој ќе раководи со истото лично, без пардон го поставува Марјан Ѓуровски. Како човек кој долги години ги набљудувам процесите во областа на високото образование, посебно ме зачудува оправданоста од основање на ова тело во рамките на Стопанската комора, со што се воспоставува еден вид паралелна институција на Агенцијата за квалитет во високото образование, како државна институција и каде во овој момент припаѓа и Марјан Ѓуровски како член на Одборот за акредитација во високото образование? Дали постои судир на интереси и како на еден начин веднаш се свикува конференција на која учество не завзема ниту министерката за образование и наука, ниту директорката на Агенцијата за квалитет во високото образование, ниту пак Премиерот? Дали со ова се праќа порака дека еве ние создаваме тело и тоа на чело со Марјан Ѓуровски, одбрана дружина, без да се направи тоа на линија и со присуство на наведените авторитети?

Но, да продолжам со професорот, кој според тоа колку функции имал во многу влади може да се кандидира за Гинис….

Марјан Ѓуровски, во времето на СДСМ, успеа да направи скок од Факултетот за безбедност во Филозофскиот факултет – Институт за мировни студии и тоа во време кога декан беше професор д-р Ратко Дуев, а негова десна рака професор д-р Оливер Бакрески. Си се здружија и си го поделија колачот. Големи професори без кои нашата академска средина би била за жалење??? Во меѓувреме, професор д-р Марјан Ѓуровски беше и советник на екс министерката Славјанка Петровска. По добиени податоци од свиркачи, го повикувам министерот за одбрана (МО) да провери: „ Дали Марјан Ѓуровски од Министерството за одбрана во периодот кога министер за одбрана била Славјанка Петроска од 2022-2024 година, му префрлала по 50 000 денари? Со што го оштетиле буџетот за некаде од 21.000 евра. Очекувам одговор, со цел да  знае македонската јавност! И дали ќе има одговорност! Исто така, Дали Марјан Ѓуровски во периодот од 2022-2024 година, му префрлувале по 6500 денари, во периодот кога претседател на Република Македонија бил Стево Пендаровски? Како доказ за овие податоци можат да се проверат на OPENFINANCE.

Само за потсетување

Само да ги потсетам заинтересираните читатели, дека овој „експерт“ професор Марјан Ѓуровски, како проректор на универзитетот „Свети Климент Охридски“ (УКЛО) Битола, во периодот кога ректор на овој универзитет е Сашо Коруновски ( покрај ректорот, проректори, ген.секретар и некои декани)  преку Фондот за развој на универзитетотм и од она што може да се утврди од порталот „Отворени финансии“  од овие сметки (покрај другите) завршува и кај проректорот Марјан Ѓуровски-кој во 138 наврати земал пари од овој фамозен Фонд за функционален развој на УКЛО-Битола и тоа од февруари 2020 година, до април 2022 година, со вкупно 690.000 МКД. По овој период именуваниот проректор Маријан Ѓуровски, со специјален конкурс се вработува како професор на Филозофскиот факултет-Скопје, на институтот безбедност, одбрана и мир. Предметот е скоро повеќе од три година во ДКСК, Финансиска полиција и  ОЈО-Битола. Ајде господа разбудете се!.

И понатака

Марјан Ѓуровски-член на СДСМ, кој воедно е  и близок човек на Пенадаровски „експерт“  ќе изјави дека: „ не тврди за вмешаноста на владиците во шпионски активности, туку го цитира тоа што го кажале претседателот на државата  Стево Пендаровски, директорот на Агенцијата за разузнавање и членови на македонската Влада кои, како што ќе рече „ изнесоа информации дека членови на Синодот се соработници на руската разузнувачка служба врз основа на сознанија кои се строго доверливи“. Овој „експерт“ кажа и остана жив.

Во една пригода Г.г. Стефан ќе изјави:„ Македонскиот народ е пиреј-трева што не умира и ништо не ја ништи… или „… Тажно е кога волкот ќе ги нападне  овците, но уште пострашно и потажно е  кога нив ќе ги нападне шарпланинецот, кога ќе  се оволчи оној чија улога е да ги заштитува паствата од волците.  И тажно беше кога однадвор други  не негираа застапувајќи туѓи интереси како свои… има „ некои Македонци со антимакедонски постапки“ кои  или за лична корист или во служба на туѓи интереси се подготвени и волни да отстапуваат од македонската историја и македонскиот јазик…“.

И пред падот на СДСМ, Владата со која раководи екс премиерот Димитар Ковачевски, професор на престижниот Американ универзитет во Скопје, професор д-р Марјан Ѓуровски го назначува за член на Одборот за акредитација. Но, тоа е многу малку за овој професор (кој едновреме беше опишан дека препишувал на испит кај професор д-р Билјана Ванковска кога полагал испит како студент !!!), па успева да стане и претседател на Одборот за акредитација. И се’ уште „пали гаси“!. Па се сликаше со министерката за образование и наука, Јаневска сакајќи да покаже дека има нов дрес, играч за новиот тим. Алал да им е на овие луѓе кои успеваат да ги освојат секогаш новите министри. Само напред!

И тоа му беше малку, па според одредени информации, на “предлог” на Артан Груби станува член на Одборот за акредитација во високото образование и како најнов член нели нормално веднаш е и Претседател на ова тело! Да, тој не е избран на Конкурс или предложен од Интеруниверзитетската конференција, туку директно на предлог од Владата со која раководеше екс премиерот Димитар Ковачевски!

Од ова може да се заклучи следното: Марјан Ѓуровски секогаш напредува преку висока партиска поддршка и секогаш има желба да биде тој што ќе раководи. Таква кумулација на функции потребно е да се провери дали е нормална и легитимна.

Но, има и уште една значајна карактеристика за овој професор – јавно да се слика и да собира поени. Така, веднаш оди во посета на приватниот Американ универзитет во Скопје. Се прашувам, дали е отиден таму за да даде поддршка за овој универзитет како знак за благодарност што стана член и претседател на Одборот за акредитација од Владата со која раководеше Димитар Ковачевски, кој е случајно и професор на тој универзитет или пак се работи за благодарност од екс Претседателот Стево Пендаровски, кој исто така случајно е професор на тој универзитет? За што станува збор? Според кој критериум се вршат овие посети, дали се работи за сомнежи за влијание и корупција, затоа што веднаш беше објавена и фотографија од средбата во дувлото на истрошени кадри – професори од тимот на СДСМ! А сето ова се случува во времето кога овој професор со одредени чекори се обидува да се наметне и приватизира Одборот за себе промоција! Нормално би било да го прави тоа со тимот од Одборот и да има план за службени посети и сликање со сите универзитети. Оваа практика е толку лоша и дискриминирачка што очекувам другите универзитети да поднесат пријава за дискриминација и форсирање на одредени универзитети од сомнителни мотиви!!!

Покрај овој основ, кој е доволен повод Владата на првата седница да го разреши Марјан Ѓуровски од член на Одборот за акредитација, како издржани ги наведувам и следните основи:

  1. Од декември 2023 година, не е објавена ниту една нова објава на веб страниците на Агенцијата за квалитет во високото образование за донесените решенија за акредитација на студиски програми. По овој основ се однесува и за директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование кој треба да оди во пакет на дневен ред за разрешување! (додуша, директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование е незаконски поставен за што посебно пишував) Истиот, наголемо се фали дека се сретнал со новата министерка за образование Јаневска, која, барала поддршка од него (нешто во што не можам ни да поверувам заради сите овие незаконски поставувања на позиција директор и  поддршка на одделни факултети, а пред се на Универзитетот Визион!);
  2. Како е можно за одделни факултети да се потпишуваат огромен број на акредитации за студиски програми и дали е тоа причината за нивно не објавување на веб страницата!!!)
  3. Каде се тримесечните извештаи за работа на овие функционери во Агенцијата за високото образование и нејзините одбори??? За криминал ли се работи!!!

Препорака до почитуваниот Премиер проф.д-р Христијан Мицковски, доколку се планира средување на состојбите во високото образование, прво да се почне од главата – од Одборот за акредитација и Одборот за евалуација во високото образование и Агенцијата за квалитет во високото образование! Рибата смрди од главата. Во најголем дел вина за овие лоши состојби имаат лицата кои се функционери во овие тела од страна на Владата на Димитар Ковачевски и Артан Груби!

А каде е високото образование денес? На дното, пред ликвидација кога станува збор за квалитет и рангирање на Светските листи. Чудно, покрај толку квалитетни менаџери, кои се несменливи и толку паметни што високото образование го даваат, ама фотелјите не ги даваат. На потег е Владата која итно треба да ги разреши најпрво членовите на телата за акредитација кои се назначени од СДСМ и ДУИ и кога треба да одговараат за нивното работење пред надлежните институции. Потоа, да се преиспита раководниот кадар во МОН поставен од СДСМ и ДУИ и да се направат темелни објективни и непристрасни чистки за доброто на високото образование. Се друго е замајување на јавноста.

Кој е Бранко Азески

Македонски стопанственик и претседател на стопанската комора на Македонија од 2005 година, до денес. Дипломирал на Правниот факултет при УКИМ-Скопје, при што работел како асистент по Уставно право на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита. Во периодот на СФРЈугославија бил претседател на Социјалистичката младина на Македонија. По осамостојувањето на државата работел во повеќе институции и компании од јавниот и приватниот сектор. Во 2016 година бил именуван за почесен конзул на Црна Гора во Скопје, а функцијата ја извршувал до 2021 година…

За понатамошната негова биографија, поопширно прочитајте на порталот  ohridsky.com/ branko-azeski- biografija-na -dlabokata-drzhava/

CATEGORIES
TAGS
Share This