ЕУ И РЕГИОНОТ ПРЕД ВАЖНИ ОДЛУКИ ВО ТИВАТ Германија и Франција туркаат нов план за проширување

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација на самитот што треба да даде нов поттик на евроинтеграциите.

ЕУ И РЕГИОНОТ ПРЕД ВАЖНИ ОДЛУКИ ВО ТИВАТ Германија и Франција туркаат нов план за проширување
Фото: Принтскрин

Во приморскиот град Тиват денеска се одржува Самитот Европска Унија – Западен Балкан, на кој главна тема ќе биде проширувањето на Унијата и европската перспектива на земјите од регионот.

Под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, на собирот учествуваат лидерите на шесте држави од Западен Балкан, како и највисоките претставници на европските институции. Меѓу нив се претседателката на Европската комисија, Ursula von der Leyen, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Kaja Kallas и претседателката на Европскиот парламент Roberta Metsola.

Со Самитот претседава претседателот на Европскиот совет, António Costa, кој во изминатите денови ги посети земјите од регионот во рамки на својата балканска турнеја.

Според најавите, учесниците ќе разговараат за процесот на проширување, имплементацијата на Планот за раст и начините за продлабочување на соработката меѓу ЕУ и регионот. Се очекува Унијата уште еднаш да ја потврди својата поддршка за европската интеграција на Западен Балкан.

На агендата ќе бидат и безбедносните предизвици, геополитичките случувања, како и зајакнувањето на соработката во надворешната, безбедносната и одбранбената политика.

Македонската делегација ја предводи премиерот Hristijan Mickoski, чие присуство беше потврдено од Владата.

Во пресрет на Самитот, Германија и Франција подготвија нон-пејпер со наслов „Нов моментум за проширувањето“, кој треба да послужи како основа за дискусија меѓу лидерите. Документот се фокусира на земјите од Западен Балкан и на Moldova, предлагајќи нов пристап што би овозможил побрз и поопиплив напредок на кандидатите кон членство во ЕУ.

Во документот се нагласува дека предложените мерки не претставуваат замена за полноправното членство, ниту пак продолжување на патот кон него, туку механизам за дополнителни поттикнувања кои би го забрзале процесот на европска интеграција.

CATEGORIES
Share This