ЗАФИРОВСКИ: Работничката партија бараше плата по час уште пред десет години

Поднесовме референдумска иницијатива со потребните потписи, а потоа и кривична пријава, вели лидерот на Работничката партија.

ЗАФИРОВСКИ: Работничката партија бараше плата по час уште пред десет години
Фото: Работничка партија

„Национал“ побара изјава од лидерот на Работничката партија, Горан Зафировски, откако Сојузот на стопански комори и синдикатите повторно го отворија прашањето за промена на системот на исплата на платите. Предлогот е наместо досегашниот модел на месечна плата, работниците да добиваат надоместок според реално одработените часови.

Зафировски вели дека оваа идеја Работничката партија ја застапува уште пред десетина години и потсетува дека тогаш до Собранието била поднесена и референдумска иницијатива со потребните потписи за промена на системот на исплата на платите.

„Идејата работниците да добиваат плата според реално одработените часови не е нова. Работничката партија ја застапува уште пред десетина години, кога поднесовме и референдумска иницијатива со потребните потписи до Собранието за промена на системот на исплата на платите. Наместо месечна плата, се залагавме за исплата на саатнина, како поправеден модел за вреднување на трудот. Иницијативата беше закочена од тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, поради што поднесовме и кривична пријава, која сè уште чека разрешница во обвинителството. Денес, кога повторно се отвора ова прашање, очекуваме институциите конечно сериозно да го разгледаат нашиот предлог. Работникот мора да биде платен за својот труд и за реално одработеното време“, потенцира Зафировски.

https://nacionalno.mk/padna-vuchi-koj-e-sleden-rabotnichkata-partija-povikuva-na-rushe-e-na-postojniot-sistem/

CATEGORIES
Share This