Инвестиција во знаење или математика на гладни стомаци
На потег се пратениците и министрите, или ќе останат запаметени како политичари кои штеделе на храната на сопствената младина.

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија
Четврток, 29 октомври 2026 година
Студентскиот стандард не е социјална помош или луксузен трошок во буџетот, туку клучна и стратегиска инвестиција во иднината на оваа држава.
Понижувачки е во октомври 2026 година младите да водат битки на улиците и по владините кабинети за неколку денари во маркетите.
Државата се’ уште не наоѓа системски и достоинствен начин да го вреднува претстојот на студентите на факултетите по јасни европски стандард. Izvor;mkd.mk
Средбата меѓу студентските претставници, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска го оголи административниот административниот пристап кон младите.
Наместо суштинско разбирање за реалните трошоци за животот и прифаќање на барањето за зголемување на оброкот од 140 на 200 денари, студентите добија понуда за промена на формата, но не и на суштината.
Владата нуди ваучерски систем по словенечкиот модел, но инсистира сумата да остане заглавена на 140 денари. Образложението дека покачувањето од пред три години ја покрило инфлацијата до денес е само сува статистика која нема допирна точка со реалноста во маркетите и студентските бифеа.
Секој што барем еднаш влегол во продавница во изминативе три години знае дека 140 денари денес не може да се купи ниту пристоен, нутритивен сендвич, а камоли здрав и балансиран ручек за еден млад човек во развојот. ( ИзворTrn.mk)
СЛОВЕНЕЧКИОТ ВАУЧЕРСКИ СИСТЕМ НАСПРОТИ МАКЕДОНСКИОТ
Држава Дневен износ Каде се јаде? Механизам
Попуст
Словенија – 5,20Е (субвенц.) Секаде(приватни рес. Апикација СМС код
Маркети…)
Македонија- 140 денари маркети, пекари и Шпаркасе-картички
(2,3 Е) фиксно ресторани
Проблемот не е во недостаток на пари, туку во поредокот на приоритетите.
Додека во Собранието се кршат копјата околу вториот ребаланс на Буџетот, предлогот за издвојување дополнителни 200 милиони денари за студентскиот оброк се третира како буџетски товар.
Овие 3,25 милиони евра се минорна ставка во споредба со моменталните суми кои редовно се одлеваат за непродуктивни трошоци, непродуктивни вработувања и неефикасни државни Агенции.
Кога државата штеди на исхраната на своите идни лекари, инженери и професори, таа свесно ја поткопува сопствената економска и интелектуалната моќ. (Извор:Независен весник/
Субвенцијалниот оброк не смее да се сведува на популистички мерки со која се контролира дали студентот купил храна, цигари или нешто трето. Неговото вистинско значење е социо-економско изедначување. Тој треба да им овозможи на децата од посиромашните семејства или од внатрешноста на земјата еднакви услови за студирање во главниот град.
Наместо тоа, сегашниот систем со картички кои се ресетираат секоја сабота на полноќ ги принудува студентите да калкулираат со денарите.
Новиот ваучерски модел можеби ќе донесе дигитална контрола, но без зголемување на износот, тој ќе биде само нов, посовремен совтвер за менаџирање на студентската сиромаштија.
Време е институциите да покажат визија, а не само чисто сметководство. Доколку Владата и Министерството за образование и наука(МОН) продолжат да штедат на оброкот на студентите, ризикуваат младите да си ја побараат иднината во земја каде студентските бонови се реално остварливо право, а не предмет на пазарење.
Вредноста на студентите не се мери со буџетски рестрикции, туку со подршката која државата им ја дава тогаш кога им е најпотребна. На потег се пратениците и министрите, или ќе останат запаметени како политичари кои штеделе на храната на сопствената младина.

