АМСМ СО ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Одрони и градежни работи на повеќе патишта низ Македонија, возачите да бидат особено внимателни

Нема подолги задржувања на граничните премини, но возачите се повикуваат на зголемена претпазливост поради санации и ризик од одрони.

АМСМ СО ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Одрони и градежни работи на повеќе патишта низ Македонија, возачите да бидат особено внимателни
Фото: Национл

Денеска (06.05) сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија. Според информациите од АМСМ, нема значителни пречки во одвивањето на патниот сообраќај.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Особена претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес. Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На овие патни правци, особено низ котлините, речните долини и клисурите, постои можност од појава на одрони.

Од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за сите видови возила со маса до 3,5 тона.

Во тек се повеќе инфраструктурни зафати на државните патишта:

  • На автопатот А2 Гостивар – Стража се врши санација на неколку мостови и вијадукти, поради што е воведен времен режим на сообраќај.
  • На мостовите на реката Вардар кај село Желино се изведуваат санациски работи во двата правци Скопје – Желино и Желино – Скопје.
  • На автопатот А1 Смоквица – Гевгелија се работи на поставување интерконективен гасовод, при што е поставена привремена сообраќајна сигнализација.
  • На скопската обиколница (А2) се врши рехабилитација на делница долга 250 метри меѓу клучките Волково и Кондово. Затворена е левата лента за претекнување, а сообраќајот се одвива по останатите две ленти.
  • Во тек е санација на свлечиште на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост.
  • Поради изградбата на Коридорот 10Д, на делницата Прилеп – Битола сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат од клучка Лагово до Тополчани.

Од АМСМ ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено претпазливи на делниците каде што се изведуваат градежни работи и каде што постои опасност од одрони.

CATEGORIES
Share This