ВРЕМЕТЕ ДЕНЕС НОСИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ Топло, но со можни поројни дождови и силен ветер

Попладнево во планинските региони се очекуваат поројни дождови, грмежи и засилен ветер, додека во Скопје температурата ќе достигне 31 степен.

ВРЕМЕТЕ ДЕНЕС НОСИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ Топло, но со можни поројни дождови и силен ветер
Фото: Национал

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 8 до 31 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
T=31°C. P=977hPa. U=40%. V=2m/s.

CATEGORIES
Share This