КРИЗА ЗА ЕДНИ, ЗЛАТНА ДОБА ЗА ДРУГИ – Кој заработи милијарди евра додека светот се тресе

Додека светот се бори со инфлација и нестабилност, некои индустрии бележат историски профити.

КРИЗА ЗА ЕДНИ, ЗЛАТНА ДОБА ЗА ДРУГИ – Кој заработи милијарди евра додека светот се тресе
Фото: Принтскрин

Додека граѓаните и компаниите во светот се соочуваат со раст на цените и економска неизвесност поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, дел од најголемите глобални корпорации бележат рекордни профити.

Најголем бенефит има енергетскиот сектор. Тензиите и ограничувањата во Ормутскиот Теснец, преку кој поминува околу една петтина од светската нафта и гас, доведоа до нагло поскапување на енергенсите и дополнителен притисок врз глобалната економија.

Европските и американските нафтени гиганти веќе пријавуваат значителен раст на добивките. Британскиот BP го удвои профитот во првиот квартал од 2026 година, достигнувајќи 3,2 милијарди долари, додека Shell оствари 6,92 милијарди долари добивка. Францускиот TotalEnergies забележа раст од речиси 30 проценти, со профит од 5,4 милијарди долари.

И американските компании ExxonMobil и Chevron ги надминаа очекувањата на аналитичарите, и покрај предизвиците во снабдувањето од Блискиот Исток. Од компаниите се очекува дополнителен раст доколку високите цени на нафтата продолжат.

Паралелно, силен раст бележи и банкарскиот сектор на Волстрит. JP Morgan пријави рекордни приходи од 11,6 милијарди долари во првите три месеци од годината, а шесте најголеми американски банки заедно остварија речиси 48 милијарди долари. Аналитичарите ова го поврзуваат со зголемената пазарна нестабилност и засиленото тргување.

Значителен пораст има и во одбранбената индустрија. Компании како BAE Systems, Lockheed Martin, Boeing и Northrop Grumman објавија рекордни нарачки, поттикнати од зголемените воени буџети во Европа и САД и потребата за обновување на резервите.

Истовремено, кризата влијае и врз секторот за обновлива енергија. Поради високите цени на горивата расте интересот за соларни панели, топлински пумпи и електрични возила. Компании како NextEra Energy и Vestas бележат зголемени приходи, додека продажбата на соларни панели во Велика Британија е зголемена за околу 50 проценти од почетокот на конфликтот.

CATEGORIES
Share This