(ФОТО) ТЕНЗИИ ВО ОДБРАНАТА – Обвинувања за ‘наменски синдикат’ во МО

Формирање на нов синдикат во Министерството за одбрана предизвикува реакции и сомнежи.

(ФОТО) ТЕНЗИИ ВО ОДБРАНАТА – Обвинувања за ‘наменски синдикат’ во МО
Фото: Принтскрин

Во недостиг на социјален дијалог , игнорирање на барањата на синдикатот за поголеми плати и подобри права за припадниците на Армијата и МО , решавање на статусот на професионалните војници , од страна на најблискиот соработник и пријател на министерот за одбрана Владо Мисајловски , раководителот на директоратот на правна служба во МО – Милан Андоновски пред еден месец формираше нов 7 (седми) синдикат во Армијата и МО – “Синдикат на вработените во одбраната и Армијата”  (СВОА).

Зошто овој синдикат можеме да го наречеме “Синдикат” на Министерството за одбрана, од причина што основачи на синдикатот се токму лица на раководни функции во МО, раководители на сектори во МО назначени лично од министерот за одбрана, еден бригаден генерал, командант на една единица, офицери и лица кои се во најблиското  раководство на МО.  Ова е класичен пример на формирање наменски синдикат со кој ќе преговара министерот за одбрана за најавените измени во законот и новиот Колективен договор кој го најави од собраниската говорница.

Изјавите на министерот Мисајловски дека има средби со синдикати се класични манипулации за јавноста, НИЕ како Независен синдикат на професионални војници сме имале само еден состанок со министерот за одбрана во ноември 2024 година. Од тој ден наваму нема социјален дијалог и има само игнорирање на барањата на припадниците на Армијата за поголеми плати и подобри права.

За жал од страна на министерот за одбрана за овие две години слушнавме илјадници “ЌЕ” ,а ниедна реализација на ветеното.

Затскриените намери на министерот за одбрана дека преговара со “синдикати” ,дојдоа до израз со формирање на синдикат од страна на најблизок соработник на министерот и лице што стои на секоја слика со министерот Мисајловски, затоа министерот за одбрана ќе си преговара со тој што му одговара , а ќе ги игнорира барањата на вистинските синдикати, односно синдикати кои не се по мерка на МО.

Синдикализмот и правата на работниците во Република Македонија се сведоа на ниво на преговори со подобни синдикати и игнорирање на неподобните синдикати.

Ова претставува доказ дека правата на припадниците на Армијата и МО ќе бидат замрзнати на подолг период со тенденција за уназадувања на веќе стекнатите права согласно законот и Колективниот договор – реагираат од. Независниот синдикат на професионални војници СО.

CATEGORIES
Share This