9 МАЈ ВО МОСКВА – Дали Путин ќе испрати порака што ќе одекне глобално
Денот на победата се одбележува со традиционална воена парада.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека светската јавност со голем интерес го очекува говорот на рускиот претседател Владимир Путин на воената парада во Москва по повод 9 Мај, Денот на победата.
Тој нагласи дека се очекува „многу значајно обраќање“, истакнувајќи дека ваквите говори традиционално привлекуваат глобално внимание.
„Очекуваме важен говор од претседателот на парадата, како и секоја година. Целиот свет го следи и тоа со причина“, изјави Песков за руските медиуми.
Според него, Владимир Путин ќе има и повеќе билатерални средби со странски гости кои ќе присуствуваат на одбележувањето на 9 Мај.
„Претседателот ќе има исклучително динамичен работен ден“, додаде портпаролот.
Традиционалната воена парада за Денот на победата ќе се одржи на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај.
