ВОЈНА НА НЕРВИ – Трамп со жестока порака, Куба враќа уште пожестоко
Драма меѓу САД и Куба, закани, реакции и жестоки обвинувања.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел порача дека ниту еден агресор, без разлика на неговата моќ, нема да ја натера Куба да се предаде. Според него, секој кој би се обидел да ја загрози земјата би се соочил со народ подготвен да го брани суверенитетот и секој дел од националната територија.
Во објава на социјалната мрежа X, Дијаз-Канел оцени дека воените закани од страна на САД кон Куба достигнале „невидено и опасно ниво“. Тој нагласи дека ваквата реторика претставува сериозна ескалација на односите меѓу двете земји.
Кубанскиот лидер додаде дека меѓународната заедница, како и американските граѓани, имаат одговорност да не дозволат да дојде до ваков вид на конфликт.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле „брзо да ја преземат Куба“ и дека Кубанците би се повлекле веднаш штом би виделе американски носач на авиони.
