СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС ПРОДОЛЖУВА – Секој нов исказ носи нови шокантни откритија

Случајот „Пулс“ влегува во клучна фаза од доказната постапка.

СУДЕЊЕТО ЗА ПУЛС ПРОДОЛЖУВА – Секој нов исказ носи нови шокантни откритија
Фото: Национал

Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, продолжува денеска во судницата во „Идризово“ со сослушување сведоци предложени од Обвинителството.

На претходното рочиште, одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, сопственик на дискотеката, побара замена на мерката притвор со куќен притвор, повикувајќи се на влошена здравствена состојба.

Судењето се наоѓа во фаза на доказна постапка, при што Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК, и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата, со десетици жртви и стотици повредени.

CATEGORIES
Share This