МИЦКОСКИ СО ДИРЕКТЕН ПОВИК ДО ДИЈАСПОРАТА – Време е за враќање

Средба на премиерто со нашинците во Виена што отвори големи прашања за иднината на државата.

МИЦКОСКИ СО ДИРЕКТЕН ПОВИК ДО ДИЈАСПОРАТА – Време е за враќање
Фото: Принтскрин

Од Виена, премиерот Христијан Мицкоски испрати силна порака до македонската дијаспора и нивната улога во иднината на државата е незаменлива. Тој ги повика иселениците сериозно да размислат за враќање, инвестирање и поактивно вклучување во развојот на Македонија.

На средбата со претставници на дијаспората, Мицкоски посочи дека разговорите биле фокусирани и на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, но и на можностите што ги нуди земјата за инвестиции и професионален ангажман. Тој нагласи дека иселениците не се одвоени од татковината, туку претставуваат нејзин интегрален и активен дел.

Во своето обраќање, премиерот се осврна и на односите со Австрија, оценувајќи дека постои значителен потенцијал за нивно продлабочување, особено на економски план. Според него, стабилните политички и историски врски треба да се трансформираат во конкретни деловни партнерства и засилен инвестициски интерес.

Тој додаде дека Владата работи на создавање сигурна и предвидлива деловна клима, со цел да ги мотивира и домашните и странските инвеститори, како и дијаспората, активно да се вклучат во економските текови.

Средбата, како што оцени Мицкоски, претставува важен чекор кон градење посилна доверба, при што истакна дека напредокот и повисокиот животен стандард можат да се постигнат само преку заедничка соработка меѓу институциите, дијаспората и меѓународните партнери.

CATEGORIES
Share This