ОБЛАЧНО УТРО СО ЛОКАЛЕН ДОЖД – Попладен разведрување
Во западните делови изутрина и претпладне се очекува слаб локален дожд, а попладне облачноста постепено ќе се намалува.

Фото: Национал
Времето денеска (09.03) ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во западните делови ќе има слаб локален дожд и температура во интервал од 1 до 16 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпадне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија


