ДАНСКА ГО ПРОСЛАВИ ЕВРОПСКОТО ЗЛАТО – Илјадници фанови ги пречекаа ракометарите во Копенхаген
Плоштадот во Копенхаген беше преполн со навивачи кои го чествуваа европското злато на Данска.

Фото: Принтскрин
Европските шампиони од Данска денеска во Копенхаген, заедно со илјадници фанови, ја прославија освојувањето на европската титула. Плоштадот беше исполнет со навивачи кои ги поздравуваа ракометарите и го честитаа новиот трофеј, заокружувајќи уште една блескава сезона за данскиот тим.
На бината, спортистите се појавија под силни овации, а кулминацијата беше моментот кога секој од нив го подигна шампионскиот пехар, предизвикувајќи огромно задоволство кај присутните.
По официјалниот дел следеше традиционалното дружење со семејствата и препознатливите палачинки, а вечерта заврши со кратка заедничка вечера на репрезентативците. Славјето продолжи во опуштена атмосфера, достојна за европските владеачи на ракометот.
CATEGORIES Ракомет

