РЕАЛ БАРА АВТОРИТЕТ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА – Перес со изненадувачко трешение за нов тренер

Перес веќе контактирал неколку звучни имиња за нов тренер

РЕАЛ БАРА АВТОРИТЕТ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА – Перес со изненадувачко трешение за нов тренер
Фото: Принтскрин

Флорентино Перес сака што побрзо да го реши прашањето за новиот тренер на Реал Мадрид. Отказот на Чаби Алонсо дојде по само еден натпревар, откако стана јасно дека Алваро Арбелоа не е подготвен за таа позиција. Сепак, малкумина можеле да претпостават која е првата желба на претседателот на Кралевите.

Во неделата, Реал го загуби првиот трофеј сезонава, откако во финалето на шпанскиот Суперкуп беше поразен од Барселона со 3-2. Тоа беше пресудно за Алонсо, кој веднаш следниот ден доби отказ.

Привремено, неговото место го презеде Алваро Арбелоа од Реал Мадрид Кастиља, но дебито му беше катастрофално – Реал испадна од второлигашот Албасете во Купот на кралот, што јасно покажа дека Арбелоа сè уште не е подготвен за таков предизвик.

По поразот од Албасете, Флорентино Перес одлучи дека Реал мора што побрзо да го реши прашањето за нов тренер и веќе контактирал неколку звучни имиња. Најмногу се шпекулира за Јирген Клоп, но Германецот јасно дал до знаење дека не сака да го преземе тимот пред летото.

Покрај Клоп, се споменуваат и Зинедин Зидан и Карло Анчелоти, но шпанските медиуми тврдат дека Перес има свој фаворит. Името на тренерот особено ги изненадило навивачите на Реал Мадрид – станува збор за Жозе Мурињо.

Според информациите, Перес сака Мурињо да го предводи тимот бидејќи смета дека клубот му е потребен тренер кој може да наметне авторитет во соблекувалната. Португалецот моментално е на клупата на Бенфика, каде неговите потези веќе предизвикале незадоволство. Медиумите шпекулираат дека Мурињо намерно создал конфликти за да добие отказ и да се врати во Реал Мадрид, со цел да го подобри впечатокот од својот прв мандат, кој резултатски не беше најуспешен.

Мурињо, според истите извори, со големо задоволство ја прифатил иницијативата на Перес и е подготвен да се врати во Реал Мадрид, свесен дека тоа би ја оживеало и неговата тренерска кариера, која во последните години не блеска.

Сега главното прашање е дали челниците на Бенфика ќе му дадат отказ. Ако тоа се случи во наредните денови, речиси сигурно Мурињо ќе се врати во Реал, што не ги радува сите навивачи на Кралевите. Тие би сакале на клупата да го видат Клоп или Зидан, но се чини дека Перес има поинаков план.

CATEGORIES
Share This