МУСТАФА ХАЈРУЛАХИ НАЈАВИ КНАДИДАТУРА ЗА РЕПУБЛИЧКИ ОБВИНИТЕЛ – Јавното обвинителство е паднато на колена и мора да се прочисти

Специјалното јавно обвинителство, според него, работело со предмети без докази и злоупотреба на притвор

МУСТАФА ХАЈРУЛАХИ НАЈАВИ КНАДИДАТУРА ЗА РЕПУБЛИЧКИ ОБВИНИТЕЛ – Јавното обвинителство е паднато на колена и мора да се прочисти
Фото: Национал

Адвокатот и поранешен виш јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, кој претходно беше суспендиран и ја поднесе сопствената оставка од Јавното обвинителство, најави дека ќе се кандидира за функцијата републички јавен обвинител. Тој нагласи дека институцијата мора да се прочисти за да се врати нејзиниот углед и функционалност.

Во телевизиско гостување, Хајрулахи оцени дека Јавното обвинителство се наоѓа во длабока институционална криза, функционира без јасна хиерархија и одговорност, и ја спореди работата на институцијата со „брауново движење“.

„Ќе конкурирам за републички обвинител, ги исполнувам условите, па ќе видиме. Зошто да не? Се надевам дека ако би бил избран, веќе нема да разговараме за овие прашања“, рече Хајрулахи.

Тој предупреди дека евентуален реизбор на дел од сегашните раководители би значел продолжување на „старите практики и политички влијанија“. Според него, институцијата треба да се прочисти од „десетина луѓе“ кои го рушат угледот на сметка на „огромното мнозинство чесни и вредни обвинители“.

– Десет обвинители да се тргнат и понекој нивен инсталиран на нивно место, за шест месеци до една година Јавното обвинителство би се кренало на нозе. Моментално ЈО е обезглавено. Работат по принцип на рекет и притвори и некого ќе држат во притвор за добар договор, појасни Хајрулахи.

Тој остро го критикуваше работењето на двајцата поранешни републички јавни обвинители, Љупчо Коцевски и Љубомир Јовески. За Коцевски рече дека институцијата била сериозно девалвирана и претворена во „приватна испостава“, додека за Јовески оцени дека бил писмен, но немал став и капацитет да ја води институцијата.

„Со Коцевски дел од дисциплинските комисии работеа под притисок, имаше зависни и уценети обвинители. Во такви услови нема законитост. Оставката ја поднел во последен момент за да избегне јавно разобличување за целиот свој мандат“, рече Хајрулахи.

Тој предупреди дека евентуален нов мандат на Гаврил Бубевски на чело на Основното јавно обвинителство – Скопје би го продлабочил хаосот, наведувајќи дека преку него како шеф на Вишото јавно обвинителство не можеле да се реализираат политички предмети.

„Причината за мојата суспензија беше токму тоа што преку мене не можеле да ги реализираат политичките предмети за нанесување штета на владејачката партија. СЈО беше само прикриена причина, подвлече Хајрулахи.

Тој исто така оцени дека Специјалното јавно обвинителство имало само неколку видливи лица, но дека корените се многу длабоки и законски треба да се расчисти со нивната работа.

„Многу од предметите беа без докази, се издејствуваа пресуди без основа, имаше притвори врз притвори и брутално газење на човековото достоинство, рече Хајрулахи.

CATEGORIES
TAGS
Share This