СИЛЕН СТАРТ – Македонија вечерва против Данска на Европското првенство
Двете првопласирани репрезентации од групата обезбедуваат пласман во следната фаза

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот во Хернинг го игра својот прв натпревар на Европското првенство, а противник ќе ѝ биде домаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе неколку дена се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен натпревар, кој го добија против Митјиланд.
Ова е вторпат македонските ракометари на европски шампионат стартуваат со натпревар во Хернинг против Данска. Првиот таков дуел се одигра во 2014 година. Натпреварот е дел од групата Б, а претходно, од 18 часот, ќе се сретнат Португалија и Романија.
Следните два меча за Македонија се против Португалија в недела од 18 часот и против Романија во вторник во истиот термин.
Во следната фаза ќе се пласираат двете првопласирани репрезентации од групата.


