ГОЛЕМ ДЕФЕКТ ВО СКОПЈЕ Дел од Скопје денеска без вода

ГОЛЕМ ДЕФЕКТ ВО СКОПЈЕ Дел од Скопје денеска без вода

Поради итен дефект на главната водоводна линија со пречник од 700 милиметри на булеварот „Александар Македонски“, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска ќе изведува технички зафати, поради кои ќе има значителни прекини во водоснабдувањето. Проблемот започна утрово во 7:30 часот, а нормализирањето на водоснабдувањето ќе биде по завршување на санацијата.

Прекинот и намалениот притисок ќе ги зафатат повеќе локации. Без вода или со ограничено снабдување ќе останат делови од булеварот „Александар Македонски“, улицата 808 и дел од булеварот „Киро Глигоров“. Намален притисок ќе има во Автокоманда (ниска зона), Триангла, Хиподром и на улицата „Перо Наков“ во близина на Кванташки пазар. Целосен прекин на водоснабдувањето е најавен за населбата М.А. Ченто, како и за улиците „Маџари“, „Палмиро Тољати“ и за село Сингелиќ.

Од претпријатието апелираат граѓаните да бидат трпеливи и навреме да ги планираат своите дневни активности додека траат интервенциите.

CATEGORIES
Share This