НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ – Скопје е ослободено

Орце Ѓорѓиевски ја започнува новата ера во Скопје со ветување за ред, достоинство и иднина

НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ – Скопје е ослободено
Фото: Принтскрин

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, симболично помина под Триумфалната капија, а поддржувачите го пречекаа со факели, означувајќи го почетокот на новата ера за главниот град.

„Вечерва не победив само јас. Победивте вие. Скопје победи! Победи идејата дека овој град може да стане место на достоинство, ред и иднина. Победи народот кој се спротивстави на неправдата, нашиот горд народ кој никогаш не се откажува!“, напиша Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.

Тој нагласи дека борбата за подобро Скопје сè уште не е завршена.

„Влегуваме во ново време – време на работа и дела, не на изговори. Нема да застанеме додека секој човек не се чувствува горд што живее во своето Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот вети секојдневна борба против небрежноста, хаосот и рамнодушноста што му биле оставени на градот, како и за иднината на децата и достоинството на граѓаните.

„Најмногу благодарам на семејството, на тимот и на сите поддржувачи. Особено сакам да му се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски, мојот најсилен столб!“, додаде тој.

Својот говор го заврши со зборовите на Винстон Черчил: „Историјата ќе биде наклонета кон нас, затоа што ние имаме намера да ја напишеме.“

CATEGORIES
Share This