ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖУВА МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА Фокусот е на стабилноста на енергетскиот систем

Форумот се одржува во време на глобални предизвици, климатски промени и нестабилност на пазарите.

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖУВА МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА Фокусот е на стабилноста на енергетскиот систем

Во Скопје се одржува 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој под мотото „Од цели во акција – напојување на иднината со одржлива енергија“. Главните теми се стабилноста на енергетскиот систем, праведна транзиција и дигитализација на енергетските мрежи.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека енергетиката е врвен приоритет на Владата поради нејзиното економско и безбедносно значење. Министерката Божиновска нагласи дека иднината е во диверзификацијата и дека интерконекторите со Грција и Србија ќе донесат придобивки и за други европски земји.

Обединетите Нации, коорганизатори на форумот, повикаа на праведна енергетска транзиција со цел обезбедување чиста и достапна енергија за 500 милиони луѓе ширум светот.

Форумот се одржува во време на глобални предизвици, климатски промени и нестабилност на пазарите, а за Македонија клучни приоритети остануваат намалувањето на увозната зависност, зголемувањето на енергетската ефикасност и интеграцијата во европскиот енергетски систем.

CATEGORIES
Share This