МЕДВЕДЕВ СО ОСТРА ПОРАКА ДО ТРАМП: „Испораката на Томахавци може да заврши лошо за сите“
На Телеграм, Медведев саркастично порача дека „испораката на ракети Томахавк може да заврши лошо за сите, особено за самиот Трамп“

Заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека повторно ѝ се заканува на Русија во врска со украинскиот конфликт.
На Телеграм, Медведев саркастично порача дека „испораката на ракети Томахавк може да заврши лошо за сите, особено за самиот Трамп“, предупредувајќи дека не може да се направи разлика меѓу нуклеарната и конвенционалната верзија на тие ракети.
CATEGORIES Свет
