БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОВСКИ Совет за граѓаните, не за старите интереси – број 12 за голема промена
Вашиот избор е јасен - број 12! Листата за совет предводена од Благојче Атанасовски и листата за градоначалник со кандидатката Светла Алексиќ-Цеца според разговорите со жителите ќе бидат најголемото изненадување на изборите со голема подршка од граѓаните - нагласи Атанасовски.

Носителот на Листа за Совет на Општина Лозово, Благојче Атанасовски, по денешните целодневни средби со жителите, испрати силна порака до граѓаните:
„Време е Лозово да тргне по нов пат! На 19 октомври, излезете и гласајте – број 12 за голема промена. Време е за Совет и градоначалник кои ќе бидат вистински глас на народот, а не продолжена рака на старите интереси. Време е граѓаните активно да учествуваат преку иницијативи, предлози и присуство на седниците.“
Лозово заслужува да биде место за гордост – општина во која секој ќе се чувствува слушнат и почитуван, сакан од своите жители и респектиран од сите други.
Вашиот избор е јасен – број 12! Листата за Совет предводена од Благојче Атанасовски и Листата за Градоначалник со кандидатката Светла Алексиќ-Цеца, според разговорите со жителите ќе бидат најголемото изненадување на изборите со голема подршка од граѓаните“ – нагласи Атанасовски.




