ДЕНЕСКА СТАБИЛНО И СОНЧЕВО Повремено засилен северен ветер
Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Фото: Национал
Времето денеска (09.10.) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Температурата ќе се движи во интервал од 2 до 15 степени.
Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
CATEGORIES Македонија


