АНГЛИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО СРБИЈА Тухел во проблеми со тројца фудбалери

Тренерот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, изрази незадоволство од перформансите на некои од своите играчи, и покрај убедливата победа од 2:0 против Андора. На натпреварот одигран на „Villa Park“, Тухел му даде шанса на младото засилување од Нотингем Форест, Елиот Андерсон, кој се покажа како одличен и беше прогласен за најдобар играч на средбата.
По завршувањето на натпреварот, во интервју за ITV Sports, Тухел ги истакна тројцата играчи кои, според него, треба да покажат поголема иницијатива на теренот. Иако не ги штедеше комплиментите за Андерсон, кој, и покрај малата нервоза, даде максимум од себе, Тухел беше критичен кон останатите. “Андерсон беше одличен, навистина извонреден. Малку беше нервозен, но даде сè од себе,” изјави Тухел.
Меѓутоа, тренерот не се двоеше да укаже на недостатоците на другите играчи. “Треба да научиме да ја забрзаме играта во некои моменти. Можеби Ебз (Еберечи Езе) можеше да биде покреативен, пасот на Мадуеке не беше најдобар, а Рашфорд пропушти некои шанси за гол. Против просечни екипи, вакви работи се неприфатливи. Вториот гол требаше да го постигнеме порано за да имаме слобода во играта. Многу научивме и сега сме посветени да покажеме што знаеме во Белград,” додаде Тухел.
