ЕФТИНИ АВИОНСКИ БИЛЕТИ Зошто на крај можат да ве чинат скапо?

Лет за само 20 евра? Звучи како совршена зделка – сè додека не откриете што (не) добивате.

ЕФТИНИ АВИОНСКИ БИЛЕТИ Зошто на крај можат да ве чинат скапо?

Нискобуџетните авиокомпании често нудат примамливи цени, но зад нив се кријат бројни дополнителни трошоци.

Сакате куфер? Дополнително. Избор на седиште? Дополнително. Храна и пијалоци? Секако – дополнително. Дури и аеродромот на кој слетувате може да биде десетици километри далеку од градот, со скап и комплициран транспорт.

Од друга страна, традиционалните авиокомпании нудат поудобно и побезбедно искуство  централни аеродроми, подобра организација, флексибилност и грижа за патниците во случај на доцнења или откажани летови.

На крајот, летот што изгледа како евтина авантура, може да се претвори во скап и стресен потфат. Затоа, следниот пат размислете двапати – што навистина добивате за таа „евтина“ цена?

CATEGORIES
Share This