ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА НОСИ ПРЕСВРТ Дожд наутро, ветер во Повардарието – еве до колку ќе се искачат температурите
Променлива облачност и локални врнежи во утринските часови, со температури до 24 степени. Во Скопје можен дожд, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Фото: Национал
Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, со повремен локален дожд во утринските часови. Температурите ќе се движат од 8 до 24 Целзиусови степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер, а на одредени места долж Повардарието повремено ќе се засилува ветерот од северозападен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со можност за повремен локален дожд во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

