ЗНАМ: МАКСИМ Е СО НАРОДОТ И БРАНИТЕЛ НА ДРЖАВАТА За Заев и Филипче интерес е Дубаи, бизниси со вакцини во Ковид кризата
Се отвора прашањето кој работел за народот, а кој за сопствени интереси во пандемијата и по неа

Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“, но според Движењето ЗНАМ, зад ваквите пораки повторно стојат исти политички ветувања без суштина и реални резултати.
ЗНАМ оценува дека најавените „шест столба“ се повеќе политичка реторика отколку конкретен план, додека граѓаните веќе имаат долгогодишно искуство со неисполнети очекувања.
Посебен акцент се става на периодот кога СДСМ имаше целосна власт, при што, остануваат отворени прашања за начинот на управување со здравствениот систем и контроверзиите околу набавките на вакцини во време на пандемијата.
Се наведува дека граѓаните сè уште не добиле целосни одговори за транспарентноста, одлуките и ефектите од тие набавки на вакцини, кои беа меѓу најсензитивните државни процеси во тој период.
Дополнително, ЗНАМ потсетува и на јавните реакции и сомнежи поврзани со привилегии, патувања и луксузни престои во Дубаи, како и прашањата за стекнување златни визи од страна на поранешни и сегашни функционери како Заев и Филипче.
Во суштина, според соопштението, политичкиот модел останува ист и нови слогани, стара практика и недоволна отчетност.
Граѓаните, се наведува, не бараат нови пораки, туку одговорност, резултати и институции што функционираат.
За ЗНАМ, клучно останува зајакнување на државниот капацитет и заштита на националниот интерес како основа за стабилна и европска Македонија.
ЗНАМ: МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ Е ЧЕСЕН ПАТРИОТ – СДСМ се криминалци, рекетари и бугарофили
МАКСИМ УДРИ ПО СДСМ Вие сте комунистички необољшевици, ние во ЗНАМ сме патриоти


