САМО 55.000 ЕВРА ЈА СМЕНИЈА ОДЛУКАТА Богоев повеќе не е во притвор
На Богоев му се изречени мерки на претпазливост и одземање на патната исправа и забрана за излез од државата.

Стефан Богоев ќе биде пуштен од притвор, откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати неговата жалба и ја одобри понудената гаранција од 55.000 евра.
Претходно, на 4 јуни 2026 година, судија на претходна постапка, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му одреди притвор во траење од 30 дена.
По поднесената жалба, Кривичниот совет го разгледал случајот и одлучил да ја прифати гаранцијата, со што мерката притвор се укинува.
Гаранцијата, во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, ќе биде депонирана како обезбедување дека осомничениот ќе биде достапен за органите на прогонот во текот на понатамошната постапка.
Дополнително, Судот му изрече мерки на претпазливост, меѓу кои привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница.
Од Основниот кривичен суд Скопје предупредуваат дека во случај на непочитување на мерките, може да бидат определени построги мерки за обезбедување присуство.
Богоев е осомничен во предмет поврзан со наводни злоупотреби во постапка за јавна набавка во Царинската управа, а истрагата што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција сè уште е во тек.
СЕ ЧЕКА ОДГОВОРОТ НА СУДОТ Дали 60.000 евра ќе го спасат Богоев од притвор?


