МАКСИМ УДРИ ПО СДСМ Вие сте комунистички необољшевици, ние во ЗНАМ сме патриоти

Претседателот на ЗНАМ тврди дека неговата партија останува стабилна и доследна, за разлика од, СДСМ кој бара спас преку конструкции и дефокусирање на јавноста.

МАКСИМ УДРИ ПО СДСМ Вие сте комунистички необољшевици, ние во ЗНАМ сме патриоти
Фото: Принтскрин

Претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски, во интервју за „Фокус“ оцени дека СДСМ продолжува со старата практика на политички спинови, дефокусирање на јавноста и конструкции насочени кон дискредитација на политичките противници, наместо да се справи со сопствените проблеми и внатрешната криза.

Според Димитриевски, приказните што периодично се пласираат во јавноста за наводно незадоволство или маргинализација во други политички субјекти се дел од, како што вели, добро познатата матрица на политички спин.

„Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на политичкиот спин, поттикната од необољшевиците што сега го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии“, изјави Димитриевски.

Тој нагласи дека ЗНАМ останува стабилен политички субјект со сопствен интегритет, јасна визија и прецизно дефинирани црвени линии, потенцирајќи дека движењето не е приврзок на ничија политика, туку автентична политичка опција што гради нов концепт за иднината на Македонија.

Во однос на уставните измени и можноста за внесување на Бугарите во Уставот, Димитриевски повтори дека ЗНАМ нема да поддржи решенија кои се наметнуваат под притисок или со нови условувања.

„Ако воопшто се отвора Уставот, тоа мора да биде резултат на јасен внатрешен консензус и реални, проверливи гаранции за националните и државните интереси и врз база на реципроцитет. Без тоа, секое инсистирање е само продолжување на политичка несигурност и постојано поместување на условите“, порача претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски истакна дека пратениците на ЗНАМ ќе носат одлуки исклучиво во согласност со националниот и државниот интерес, Уставот и програмските принципи на движењето, без политички калкулации и притисоци.

Тој додаде дека Движењето ЗНАМ останува посветено на градење стабилна држава, силни институции и политики насочени кон интересите на граѓаните, со фокус на реални решенија, долгорочен раст и развој на Македонија.

CATEGORIES
Share This