ЗИДАН НА ПРАГОТ НА НОВА АВАНТУРА Дали Фенербахче е следната станица?

ЗИДАН НА ПРАГОТ НА НОВА АВАНТУРА Дали Фенербахче е следната станица?

Зинедин Зидан, познатиот француски тренер, повторно е во центарот на вниманието откако се појавија информации дека е во преговори со Фенербахче. По неговото заминување од Реал Мадрид во 2021 година, Зидан не прифати ниту една понуда, а сега, по неколку години, се чини дека е подготвен да се врати на тренерската сцена.

Според извори од Турција, новинарите на Оксиген тврдат дека Зидан постигнал договор со Фенербахче и дека само треба да отпатува за Истанбул за да ги заврши последните детали. Овој клуб е во потрага по нов тренер откако Жозе Мурињо доби отказ по неуспехот да се квалификува во Лигата на шампионите.

Сепак, многумина се скептични за оваа информација, особено поради Зидановите изјави од 2022 година. Тој тогаш изјави: “Кога бев играч можев да бирам речиси секој клуб, но како тренер немам 50 клубови каде што можам да одам. Има две или три опции. Ако одам во клуб, сакам да освојувам сè. Тоа е една од причините поради кои не можам да одам било каде, но постојат уште некои причини. На пример, поради јазикот. Знам што ми е потребно за да победам.”

Зидан е познат по својата префинетост и барање на услови кои ќе му овозможат успех. Сега, со новите информации за можната соработка со Фенербахче, фудбалската јавност со нетрпение очекува да види дали оваа приказна ќе добие нов развој.

CATEGORIES
Share This