ЗЕЛЕНСКИ И СЕ ЗАКАНИ НА РУСИЈА СО ОДМАЗДА Ако ја нападнете енергетиката, ќе одговориме
Киев тврди дека е способен да одговори на секоја руска операција, вклучително и во текот на зимата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина е подготвена да одговори на секој руски напад, вклучително и на евентуални удари врз украинската енергетска инфраструктура.
Во интервју за американскиот новинар Фарид Закарија, за време на состанокот „Јалта Европска стратегија 2026“, Зеленски посочи дека едно од можните решенија за продолжување на преговорите со Русија би можело да биде воспоставување „енергетско примирје“.
Според него, таквиот договор би подразбирал заштита на енергетските системи на двете земји од напади, особено во текот на зимата.
„Украина научи да наоѓа начини достоинствено да одговори на руските напади. Украина е способна да одговори на која било нивна операција“, изјави Зеленски.
Тој предупреди дека Москва е свесна оти евентуални напади врз украинскиот енергетски систем би можеле да предизвикаат одмазднички одговор.
„Ако предизвикаат прекини во снабдувањето со електрична енергија овде, ќе се обидеме да им дадеме пристоен одговор“, порача украинскиот претседател.
Зеленски истакна дека заштитата на енергетската инфраструктура може да биде еден од чекорите што би придонеле за обновување и продолжување на дипломатскиот процес со Русија.

