ЗЕЛЕНСКИ: 25 загинати во рускиот напад врз Украина, меѓу жртвите и пет деца

Околу 100 лица се повредени, а најтешко е погоден градот Прилуки; Зеленски ги повика светските лидери да не молчат.

ЗЕЛЕНСКИ: 25 загинати во рускиот напад врз Украина, меѓу жртвите и пет деца
Фото: Принтскрин

Во синоќешниот комбиниран руски напад врз Украина загинаа 25 лица, а околу 100 се ранети, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, во нападите биле употребени балистички и крстосувачки ракети, како и беспилотни летала „Шахед“.

Најтешко погодени се Прилуки во Черниговската област, каде ракета „Х-101“ директно погодила петкатна станбена зграда. Во нападот загинале 19 лица, меѓу кои пет деца, а уште 55 лица се повредени, соопштија украинските власти.

Зеленски нападот го осуди остро и го поврза со роденденот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова е подарокот што Путин си го подари за својот роденден – убивање деца и луѓе“, порача Зеленски.

Тојги  повикува светските лидери да не молчат за случувањата во Украина.

Нападите предизвикале штети и врз енергетската и друга инфраструктура во повеќе украински региони.

CATEGORIES
Share This