ВУЧИЌ СПРЕМА ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ Многумина ќе бидат шокирани од помилувањата и аболициите
Српскиот претседател најави одлуки за лица поврзани со настаните од изминатата година и пол, а прифати и дебата со студентите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе донесе одлуки за помилување и аболиција на одредени лица за кои се поврзуваат со настаните во Србија во изминатата година и пол. Во гостувањето на Радио-телевизија Србија (РТС), Вучиќ не прецизираше на кои лица конкретно ќе се однесуваат одлуките, но ги спомена и „Новисадската група“ и Мила Пајиќ.
„Многумина ќе бидат изненадени од помилувањата и аболициите“, рече Вучиќ, пренесува Nova.rs.
Тој објасни дека станува збор за две различни одлуки – едната би се однесувала на лица кои веќе имаат осуда, а другата на оние кои немаат.
„Верувам дека ова ќе придонесе и за помирен живот и подобро разбирање на сите“, изјави српскиот претседател.
Вучиќ воедно рече дека е подготвен да дебатира со кандидатите од Студентската листа и со претставници на студентите-блокатори.
„Прифаќам, и со нив и со првите на листата на студенти-блокатори, како и да се викаат“, рече тој.
Вучиќ додаде дека, доколку не е подготвен да одговори на нивните прашања по, како што наведе, 15 до 16 часа ангажман дневно, тогаш не би требало да ја извршува функцијата. Српскиот претседател оцени дека кандидатите на студентската листа би изгубиле во секоја дебата со него. Тој ги опиша како „добро познати лица“ и рече дека меѓу нив нема нови луѓе, при што изнесе и низа негативни оценки за нивната досегашна работа.
Вучиќ најави дека, доколку победи на вонредните парламентарни избори на 25 октомври, ќе ги разгледа и предлозите на одредени опозициски кандидати за реформи во државата.
Осврнувајќи се на апсењата на Срби обвинети за воени злосторства на северот на Косово, Вучиќ ги оцени постапките како „најперфиден и најкорумпиран метод на етничко чистење“. Тој рече дека Србија ангажирала адвокати и дека тие се во контакт со семејствата на уапсените.
ВУЧИЌ ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА И ВЕДНАШ ТРГНА ВО НОВА БИТКА Сега е време за борба

